Урсула Фон дер Лајен објави нов план за приближување на Западен Балкан до ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
438 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска објави нов план за приближување на Западен Балкан до Европската унија.

„Западен Балкан одамна е потенцијална област за проширување на ЕУ, но напорите за пристап во многу случаи беа одложени и запрени“, рече таа.

Говорејќи на форумот „ГЛОБСЕК“ во Братислава, таа рече дека европскиот блок треба да направи повеќе за да допре до членките во регионот кои се стремат да се приклучат, откривајќи план од четири точки за поттикнување на локалниот развој, објави „Политико“.

„Конечно разбираме дека не е доволно само да чекаме да ни пријдат нашите пријатели надвор од Унијата“, изјави Фон дер Лејен.

Слични содржини