Урсула фон дер Лајен: Се почувствував повредена и осамена во Анкара

од Nikola Popovski
373 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес изјавила дека се чувствувала повредено и осамено за време на состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот на овој месец, додавајќи дека била лошо третирана само затоа што е жена.

„Јас сум првата жена претседател на Европската комисија. Бидејќи сум претседателла, очекував да ме третираат соодветно кога бев во Турција, но не беше така“, им рекла Урсула фон дер Лајен на пратениците во ЕУ, пренесува ЕП.

Таа додала дека не може да најде оправдување заради начинот на кој била третирана.

„Единствено што можам да заклучам е дека тоа се случило затоа што сум жена. Дали ова ќе се случеше ако носев костум и вратоврска?“, прашала таа.

Таа јавно не ги обвинува Ердоган или Мишел за непријатноста, но рече дека не видела дека недостасуваат столчиња, како што имало на претходните слични состаноци.

„Се чувствував повредено, исто како жена, така и како Европејка. Не се работи за место за седење или протоколот. Ова зборува за тоа кои сме во сржта. Ова ги нарушува вредностите за кои се залага Унијата и покажува уште колкав пат да изодиме пред да кажеме дека навистина се почитуваат правата на жените“, рекла претседателот на ЕК.

Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, неодамна се состанаа со Ердоган во Анкара во врска со тензиите меѓу Европската унија и Анкара, а во кабинетот имаше две столици, за Ердоган и Мишел, додекаФфон дер Лајан застана покрај мажите и изрази зачуденост со звукот „хм“, што означува разочарување, додава АП.

Потоа седнала на софата и била далеку од нејзиниот соговорник, пренесува Танјуг.

Слични содржини