Урсула фон дер Лејен ги предупреди X, Meta и TikTok да ги почитуваат европските прописи

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен ги предупреди големите технолошки компании, вклучително и X, Meta, Apple и TikTok, дека Европската унија ќе ги спроведе своите дигитални регулативи без оглед на тоа кој раководи со компаниите или каде се наоѓаат.

„Прописите што ги усвоија нашите законодавци мора да се спроведуваат. Затоа покренавме постапка против TikTok, X, Apple, Meta – да наведеме само неколку. Ќе ги применуваме регулативите праведно, пропорционално и без предрасуди. Не ни е грижа од каде е компанијата или кој раководи со неа. Се грижиме за заштита на луѓето“, рече Фон дер Лејен во писмениот одговор на прашањата за посветеноста на ЕУ кон дигиталните регулативи, пишува бриселски „Политико“.

Нејзините изјави ја нагласуваат решителноста на ЕУ да спроведе сеопфатен пакет дигитални регулативи, кои наидоа на остри критики од високи членови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, посочува споменатиот портал.

Слични содржини