Урсула фон дер Лејен го критикуваше Орбан за поддршката на Русија и за предавство на унгарскиот народ

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска го осуди унгарскиот премиер Виктор Орбан за склучување мир со рускиот претседател Владимир Путин, за дозволување странско мешање од Русија и Кина и за предавство на унгарскиот народ.

„Сакам да ги прашам, дали некогаш ќе ги обвинат Унгарците за советската инвазија во 1956 година. Или Чесите и Словаците за советската репресија во 1968 година? Или Литванците за советскиот напад во 1991 година“, рече фон дер Лејен, гледајќи во Орбан, кој ја претстави програмата на претседавањето со ЕП.

Фон дер Лејен го обвини и унгарскиот премиер дека го „разгалува“ рускиот претседател.

„Сè уште има такви кои не ги обвинуваат напаѓачите за оваа војна, туку нападнатите“, додаде Фон дер Лејен.

По коментарите на лидерите на политичките групи во Собранието, Орбан доби можност да одговори и рече дека е „изненаден од кажаното на претседателот“.

„Не е во ред да се зборува за овие разлики во мислењата кога станува збор за претседателството“, рече Орбан.

Во минатото, Европскиот парламент ја критикуваше Фон дер Лејен дека е премногу мека кога се занимава со прашања од владеењето на правото и човековите права во Унгарија, пренесе „Политико“.

Слични содржини