Урсула фон дер Лејен утре во Киев

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, утре ќе отпатува за Киев и ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Претседателката (на Европската комисија) ќе ја потврди непоколебливата поддршка на Европската унија за Украина“, изјави денеска нејзиниот портпарол.

Посетата ќе биде на Денот на Европа, 9 мај.

Утре Урсула фон дер Лејен ќе ја оствари својата петта посета на Украина од почетокот на руската офанзива минатата година.

Слични содржини