Уругвајците лути поради казната на Кавани: Англичани, носите површни одлуки!

од Nikola Popovski
279 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани е драстично казнет од Англиската асоцијација (ФА).

За зборот „негрито“ на социјалните мрежи, уругвајскиот голгетер доби казна од три натпревари и уште 100.000 фунти.

По оваа одлука пристигна реакција на Здружението на професионални фудбалери на Уругвај, кое ја брани sвездата на својата репрезентација.

„Членовите на Здружението на професионални фудбалери на Уругвај, кое се состои од машки и женски фудбалери, како и играчи од аматерскиот сектор, сакаат да го искажат следниот став во врска со казната што му е изречена на нашиот колега Единсон Кавани од Фудбалската асоцијација на Англија“, стои во соопштението, во кое уште додаваат:

„Единсон Кавани никогаш нема извршено однесување кое може да се толкува како расистичко. Тој едноставно користеше вообичане израз во Латинска Америка и му се обрати со љубов на близок пријател. Санкцијата ја прикажува пристрасната и етноцентрична визија на Фудбалската Асоцијација на Англија, која очигледно дозволува само субјективно толкување на заклучокот, без оглед на тоа што истиот има недостатоци. Бараме ФА веднаш да ја поништи казната против Единсон Кавани и да го исчисти неговото име во светот, со оглед на тоа што истото беше неправедно извалкано од оваа осудувачка пресуда“, гласи објавата на уругвајските фудаблери.

Слични содржини