„УСЈЕ“ во рок од пет дена да премине на загревање со природен гас, наложија од Инспекторатот за животна средна

од Nikola Popovski
181 прегледи

Државниот инспекторат за животна средина денеска издаде решение со кое на „Цементарница УСЈЕ” и се наложува во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати со кои се загрева фабриката да се користи природен гас како гориво, согласно добиената А-Интегрирана еколошка дозвола и да изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитирана метода. Рокот за реализирање на задолжението е пет дена.

– Да изврши мерење на емисија на гасови од емитерот – оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција, за што рокот на реализирање на задолжението е 10 денови откако ќе биде користен природен гас како гориво. Да се направи мониторинг на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен инспектор за животна средина, за што рокот за реализирање на задолжението е 15 денови од приемот на решението, се наведува во решението на ДИЖС.

Во решението се посочува дека трошоците од анализата направена на 3 и 4 јануари 2023 година ги сноси субјектот на инспекциски надзор, бидејќи е утврдено дека примероците не одговараат на пропишаните стандарди согласно А-ИСКЗ дозволата.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера информираше дека Градот заедно со Министерството за животна средина извршил мерење на испуштањето на гасови на Цементарницата.

-Забележани се големи концентрации на штетни честитчки кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на воздухот во Скопје. Мерењата се извршени на 26-ти и 267-ми декември 2022 и 3-ти и 4-ти јануари оваа година. Измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честички. Во месец декември измерени се три пати повеќе пм-честички, рече Арсовска на вонредната прес-конференција.

Слични содржини