Американскиот грен слем тениски турни УС Опен нема да ги следи стапките на Вимблдон, кој им забрани учество на белоруските и руските тенисери поради руската инвазија на Украина.
Извршниот директор на Тениската асоцијација на САД, Лу Шер, соопшти дека одборот ја донел одлуката поради „загриженоста дека поединечните спортисти ќе бидат одговорни за постапките и одлуките на нивните влади“.
-Руските и белоруските играчи ќе играат под неутрално знаме, откри тој.
Организаторите на Вимблдон во април објавија дека сите руски и белоруски играчи ќе бидат казнети, вклучувајќи го и актуелниот светски рекет број еден Даниил Медведев, кој ја брани титулата на УС Опен.
Забраната предизвика контроверзии меѓу играчите и другите професионални тениски турнири, а некои тврдат дека некои руски играчи може да бидат обесхрабрени да зборуваат против инвазијата поради семејствата дома во Русија.