УС Опен: Одземање на поени за Ѓоковиќ и парична казна

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Челниците на УС Опен издадоа изјава по повод дисквалификацијата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

По 5:6 во првиот сет и изгубен сервис гем, Новак ја удри топката малку посилно кога ја исфрли од џеб, а таа го погоди линискиот судија во главата.

Следуваше дисквалификација на српскиот тенисер, а УСТА наскоро потоа издаде соопштение.

„Според Гренд слем правилата, по постапките за намерно удирање на топката, опасно или несовесно, на теренот, или со невнимателно занемарување на последиците, судијата на УС Опен реши да го дисквалификува Новак Ѓоковиќ од турнирот. Поради дисквалификација, тој ќе биде лишен од сите освоени бодови на УС Опен и ќе биде казнет во согласност со инцидентот“.

За потсетување, Новак освои 180 поени со пласман во четвртото коло, исто како и минатата година, што значи дека ќе му бидат одземени толку поени.

Колкава ќе биде казната, ќе биде решено подоцна.

Слични содржини