УС Опен: Тенисер казнет со 10.000 долари бидејќи излегол со розова торба на терен (ФОТО)

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Американскиот тенисер Рајли Опелка се најде во центарот на вниманието по натпреварот од третото коло против Николоз Басилашвили од една прилично банална причина. Имено, тој ќе мора да плати казна од 10.000 долари бидејќи зел розова торба со букви со неприлагодени големини на неа?!

– Каква шега е УС Опен да направи такво нешто! 10.000 долари за розова торба? Дајте … Главниот судија ми рече дека морам да дојдам и да ја измерам големината на логото пред да заминам. Мислев дека е друга торба, тоа лого е специјално изработено. Измеривме. Беше премногу големо, но не е истата торба што ја користев на Ролан Гарос, направивме се за да го намалиме. Грешка во производството, поради конверзија во Европа со она што е дозволеното. Во првиот круг ми рекоа да покријам нешто преку тоа, но што да правам, ме казнија со 10.000 долари – лут беше Опелка, посочувајќи дека за казната дознал од новинар, а не од организаторите.

Тој вели дека само сака да игра тенис и да не обрнува внимание на ништо друго.

– Тие самите не ми го кажаа тоа, што е уште покомично. Како што ми рече Тејлор Фриц, „го скршив рекетот преку колено и не ме казнија со долар, а ти донесе розова торба и доби парична казна од 10.000 – каква шега“. Претераа. Мојата работа не е да ја мерам големината на буквите. Мојата работа е да победувам, имам поважни работи за кои треба да се грижам – подвлече Рајли.

Тој не застана тука, туку ризикуваше уште поголема казна и продолжи да зборува за организаторите.

– Би сакал парите да бидат донирани. Ако сакаат да земат 10.000 долари од мене, подобро да не отидат во рацете на голема корпорација. Тоа е мое мислење – подвлече талентираниот Рајли.

Слични содржини