USAID: Нашата анализа не најде докази дека Хамас краде хуманитарна помош

од desk2
7 прегледи

USAID, Агенцијата за меѓународен развој на САД, соопшти дека нејзината интерна анализа не пронашла докази дека палестинското исламистичко движење Хамас систематски ја краде хуманитарната помош финансирана од САД.

Во последнава седмица, откако светот се алармираше за гладот во Појасот Газа, многу високи израелски претставници излегуваа со тврдења дека Хамас ја краде помошта за цивилите.

Анализата сега ги доведува во прашање израелските тврдења, но и тие на САД, во поддршка на контроверзната Хуманитарна фондација за Газа, која е предмет на остри критики од ОН и останатите хуманитарни организации кои се обидуваат да работат во Газа. Израел ја признава само Хуманитарната фондација за Газа, и ретко дозволува делење помош од други хуманитарни организации.

Анализата на USAID опфатила 156 извештаи за пријавување инциденти на кражба или загуба на американска помош помеѓу октомври 2023 и мај 2025 година.

Стејт департментот ја оспори анализата на својата организација, велејќи оти има видеоснимки на кои се гледа како Хамас ја граба хуманитарната помош. Но, во реакцијата не беше приложена ниту една видеоснимка.

Слични содржини