Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги става на платено административно отсуство сите вработени во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), освен директорите и клучниот персонал ширум светот, и затвора 1.600 работни места во агенцијата во САД.
УСАИД во неделата една минута пред полноќ, по локално време, објави дека целиот персонал на агенцијата, освен работниците задолжени за основни работи, е ставен на административно отсуство, пренесува Ројтерс.
Агенцијата, исто така, „почнува да спроведува процес на намалување на силата“ што влијае на околу 1.600 вработени на УСАИД во САД, се вели во соопштението.
Пре два дена, федерален судија ѝ даде зелено светло на администрацијата на Трамп да продолжи со нејзиниот план за отпуштање на илјадници работници на УСАИД. Судијата со седиште во Вашингтон рече дека не е јасно дека „потенцијалните ефекти“ врз вработените и луѓето кои зависат од активностите на хуманитарната агенција ја надминуваат штетата предизвикана од нарушувањето на напорите на администрацијата да ја усогласи странската помош со надворешната политика на Трамп.