Бизнисменот и поранешен советник од ДУИ Нефи Усеини стана член на Комисијата за заштита на животната средина во општина Охрид. Како што е објавено на веб страницата на општината, комисиите на Советот на општината ги разгледуваат предлозите на градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.
Фирмата на Усеини е подизведувач на сараевската компанија „Енергоинвест“ која ќе го гради 400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница, со кој ќе се поврзат електро-преносните системи на Македонија и Албанија, а е клучна алка во транзитот на електричната енергија од Бугарија, преку Македонија, низ Албанија, до Италија.
За Усеини имаше обвинение за насилство, познат е и по својата дивоградба кај Чинарот и бетонската база на брегот на езерото, која беше урната во 2020 година, а беше еден од аргументите за одземање на заштитниот статус на Охрид и околината во УНЕСКО.