150
Советникот од редовите на ДУИ, Нефи Усеини повеќе не е дел од Советот на општина Охрид откако поднел оставка од функцијата. Како што пишуваат медиумите, Усеини го остапил местото во Советот поради лични причини.
Советот чека официјален допис од Општинската изборна комисија кој ќе дојде на местото на Усеини.
Усеини е охридски бизнисмен и прв човек на локалниот огранок на ДУИ.