Уште 15 починати од Ковид 19, најмладиот пациент е 29 години

од Берта Китинска
229 прегледи

Денеска се регистрирани 320 нови случаи, а пријавени се 15 починати лица по компликација од ковид.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г), и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42г до 85г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови.

Слични содржини