Уште 16 случаи на коронавирус на Олимписките игри во Токио

од Vladimir Zorba
368 прегледи

Уште шеснаесет лица на Олимписките игри во Токио беа позитивни на тестот КОВИД-19, вклучително и тројца странски спортисти, со што вкупниот број на позитиви во овој сегмент достигна 148 од почетокот на овој месец, соопштија организаторите на Игрите во понеделникот, објави „Кјодо њуз“.

Тројцата спортисти кои беа позитивни на тестот, не претстојуваат во селото за натпреварувачите, соопштија организаторите.

Од овие 16, десет пристигнаа од странство.

Бројот на инфекции со КОВИД-19, пријавени од организаторите од 1 јули, ги исклучува оние регистрирани од централните и локалните власти.

Слични содржини