Уште 300 војници ќе се приклучат во справување со пожарите, кај дел од воздухопловите има ситни дефекти, информира Ангелов

од Nikola Popovski
96 прегледи

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека големиот српски хеликоптер со пет тони вода полетал кон пожарот во Радовиш, по што тој е ставен во целосна контрола.

На територијата на општина Чашка, кај селата Горно и Долно Јаболчиште дејствува еден црногорски и домашен полициски хеликоптер.

На територијата на општина Росоман, кај селото Сирково, дејствува еден полициски хеликоптер и трите „ер-трактори“ на ДЗС.

-На нив треба да им се приклучи и хрватскиот „канадер“ кој што покажа одредени слабости, кои што истите треба да бидат отстранети во секој момент, изјави Ангелов.

Според првиот човек на ЦУК, кај дел од воздухопловите се појавиле ситни дефекти, но се работи за нивно отстранување. Тој исто така информира дека со потпишан указ од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе им бидат доделени 300 припадници на АРМ како помош во справување со пожарите.

Исто така и плус 30 припадници на полицијата ќе се приклучат.

Ангелов потенцира дека во моментов има околу 15 активни пожари.

Слични содржини