Нов контингент од 50.000 вакцини, Спутник V, бил доставен во Србија,утрово од Русија.
Авионот „Ер Србија“ со кој се превезуваа вакцините слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ околу 6:30 часот, а вакцините веднаш биле доставени до Институтот „Торлак“, од каде ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација низ целата земја .
Синоќа на аеродромот во Москва „Шереметјево“, надгледувањето на вакцините во авионот „Ер Србија“ го надгледувал српскиот министер за иновации, Ненад Поповиќ, кој истакнла дека односите меѓу Србија и Русија се на највисоко ниво во историјата.
„Ниту една земја во Европа не примила толку вакцини од Русија колку што има добиено Србија. Во овој момент, кога самата Русија се соочува со тешкотии во дистрибуцијата на доволно вакцини во нејзините региони, таа ѝ помага на Србија и испраќа вакцини кога ни се најпотребни“, изјави Поповиќ за Танјуг.
Тој посочува дека ова е најсилниот доказ за братските односи меѓу двете земји и за најдобрите лични односи меѓу претседателите Александар Вучиќ и Владимир Путин.
„Вакцината денес е повредна од златото. Вакцините се важни за нас да ги зачуваме здравјето и животот на луѓето, но исто така и за економијата и да се вратиме во нормален живот “, рече Поповиќ, кој е и копретседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.