Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Русија во саботата испратила уште 50 примероци од вакцината „Спутник V“ до Српската агенција за лекови и медицински помагала, со цел да ја регистрира таа вакцина.
Синоќа, Брнабиќ, како гостинка на ТВ Пинк, рекла дека руската страна ќе испрати уште неколку реагенси и документација во текот на следната недела.
„Благодарам на партнерите од Руската Федерација, бидејќи тие работат со нас на најефикасен начин на испитување на вакцината Спутник V. Ви благодарам за партнерството“, истакнала Брнабиќ.
Говорејќи за растечкиот отпор на Западот кон Русија, Брнабиќ посочила дека Србија има своја политика, за која рече дека е во најдобар интерес на нашите граѓани.