Уште 525 граѓани се заразија со Ковид-19

од Nikola Popovski
258 прегледи

Регистрирани нови 525 нови случаи на КОВИД-19 од 3858 тестирања, информираат од Институтот за јавно здравје.

Според бројките по градови тие изнесуваат: Скопје – 268, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, Тетово и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe и 449 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани – по 9, Прилеп, Тетово и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен – по 5, Богданци – 4, Кратово и Виница – по 2, Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини