Уште 606 граѓани се позитивни на Ковид-19

од Nikola Popovski
305 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по – 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по – 2, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 1.

Регистрирани сe 320 оздравени пациент од: Скопје – 157, Куманово – 31, Крива Паланка – 19, Штип – 13, Прилеп и Тетово по – 12, Кочани и Струмица по – 11, Битола – 9, Пробиштип – 7, Берово – 6, Делчево – 5, Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по – 3, Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по – 2, Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево по – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини