Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.156 тестови, а регистрирани се 674 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар – по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе , Валандово и Крушево – по 5, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Крива Паланка, Делчево, Берово , Дебар и Богданци – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 978 оздравени пациенти од: Скопје – 569, Велес – 53, Куманово – 49, Битола – 47, Кавадарци – 39, Прилеп – 33, Тетово – 26, Гостивар, Струмица и Гевгелија – по 19, Неготино – 18, Кичево – 17, Радовиш – 12, Дебар – 9, Кочани и Ресен – по 8, Штип – 7, Охрид – 5, Кратово – 4, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Демир Капија и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449.