Уште 84 послаби, по земјотресот од 7 степени

од Vladimir Zorba
288 прегледи

По земјотресот од речиси 7 степени, Турција и Грција се тресеа уште 84 пати, од кои 16 беа посилни од четири степени, пренесува Си-Ен-Ен Турк.

Измир во Турција и островот Самос во Грција се најпогодени.

Турското Министерство за внатрешни работи за катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека најмалку 12 лица биле убиени, 70 биле спасени од урнатините и повеќе од 400 повредени.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините на 12 згради во Измир.

Телата на двајца тинејџери биле пронајдени на грчкиот остров Самос.

Смртта на момчето и девојчето е потврдена откако биле пронајдени под урнат ѕид.

Првиот, најсилен земјотрес, го почувствуваа и граѓаните на Истанбул

Слични содржини