Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не ги утврди предлозите судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и судијата во пензија, Бранко Секуловски, да бидат судии во Уставниот суд на Република Македонија.
Пратениците досега, освен кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер. Тие, како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.
Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, покрај Јовановска и Секуловски, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, обвинителот Тодор Витларов и судијата во пензија, Бранко Секуловски. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.