Уште два тима ја одбија Суперлигата на Лапорта

од Vladimir Zorba
286 прегледи

По новите наводи од еден од основачите на Суперлигата и прв човек на Барселона, Жоан Лапорта, дека многу клубови пристапиле кон проектот, имаше деманти од одредени европски гиганти.

Според првиот човек на клубот од Каталонија, на списокот на сигурни учесници се Интер, Милан, Наполи, Рома, Олимпик Марсеј, Бенфика, Порто, Спортинг, Ајакс, Феенорд, ПСВ, Андерлехт, Клуб Бриж и сите екипи од Шпанија освен Атлетико Мадрид, но…

Прва се огласи Рома и ги демантираше тврдењата на претседателот на Барселона за наводно приклучување во новото натпреварување: „Како што беше јавно објавено неколку часа по одлуката на Европскиот суд на правдата за случајот со Супер лигата, АС Рома повторува дека не поддржува ниту еден проект поврзан со т.н. Суперлига. Клубот исто така наведува дека никогаш не го сменил својот став по ова прашање, ниту пак влегол во какви било дискусии за одење по друг пат освен клубовите кои работат заедно преку ЕЦА во силно партнерство и соработка со УЕФА и ФИФА“, се вели во соопштението на клубот од Рим.

Недолго потоа се огласи и актуелниот шампион на Холандија, Феенорд, кој исто така ги демантираше зборовите на Лапорта: „Феенорд е многу изненаден од изјавите на странските медиуми за тоа како клубот прифатил да настапи во т.н. Суперлига. Тоа е тотална невистина“, се вели во соопштението на клубот од Ротердам.

Претходно англиските клубови одбиваа да учествуваат во споменатото натпреварување, додека засега сигурни учесници се само Барселона и Реал Мадрид.

Слични содржини