Уште двајца уапсени поради нападот! Терористот во Лондон е идентификуван!

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Нови две лица биле уапсени во врска со терористичкиот напад од средата во британската престолнина Лондон, соопшти денеска полицијата , пренесува агенцијата   AFP.

Органите на редот исто така го идентификуваа напаѓачот како Адријан Расел и ја повикаа јавноста да сподели некои информации за него, ако има. “Направивме два дополнителни  притвори во текот на ноќта”, изјави командантот на антитерористичката единица Марк Роули. Тој прецизира дека, откако една жена била ослободена, во моментов во притвор има вкупно девет лица во врска со случајот со терористичкиот акт.