Уште две лаборатории потврдија дека Навални е затруен од „новичок“

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Германската влада објави дека две специјализирани лаборатории во Франција и Шведска потврдиле дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални е затруен со нервниот агенс „новичок“.

Претходно, присуството на таа супстанца во близина на Навални беше потврдено од германската воена лабораторија, пренесува „АП“.

Портпарол на германската влада, Стефан Зајберт, денес изјави дека примероците се испратени и до Организацијата за забрана на хемиско оружје и дека ќе ги тестира во нејзините референтни лаборатории.

„Ја повикуваме Русија уште еднаш да се изјасни за овој случај. Ние сме во близок контакт со нашите европски партнери за понатамошните чекори“, додаде тој, пренесе Ројтерс.

На Навални му се слоши на 20 август во Русија, во авион, по што беше префрлен во Германија, каде оттогаш се наоѓа на лекување, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини