Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

АВМУ: Две телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта

од Nikola Popovski
21 прегледи

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел.

Двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати емитуваше прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во Вестите во 10 часот емитуваше изјава од истиот министер.

Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ 24 Вести е достапен на линкот.

Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Вистел е достапен на линкот.