Откако „Пежо“ го напушти Новак Ѓоковиќ, сега друга компанија би можела да го напушти српскиот тенисер.
„Луцернер цајтунг“ пишува дека „Лакост“ би можел да го напушти Новак.
„Со години „Лакост“ е во сопственост на групата „Маус Фререс“ со седиште во Женева. „Лакост“ е тенис, а е основан во 1933 година од поранешниот француски тенисер Лакост. Од 2017 година, ривалот на Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ е амбасадор на овој култен бренд, а сега има договор до 2025 година вреден 9.000.000 долари годишно“, пренесува споменатиот портал, односно новинарот Бенџамин Вајман.
„Партнерството со Ѓоковиќ не донесе ништо добро во последно време. Поранешниот светски рекет број еден собра негативни наслови поради неговото одбивање да се вакцинира и неговиот имиграциски статус во Австралија. „Маус Фререс“ веројатно би сакал да се потпре на ново лице во реклами“, вели тој во текстот.
Така, сигурно е дека овој познат бренд ќе го напушти српскиот тенисер, но да ја почекаме нивната официјална одлука.