25
Кинески MG има големи планови во Европа, тоа не е тајна. Може да се каже дека од сите кинески брендови, MG ги засади најдлабоките корени на нашиот континент.
Минатата година во Европа беа продадени 240.000 MG, што не е занемарлива бројка. Оваа идила сега е расипана со европските царини за автомобилите произведени во Кина, кои во случајот со MG се искачуваат до 45,3 отсто.
И покрај поевтиното производство, поевтинувањето на кинеската валута и други поволни околности, ова е сепак висока стапка на царина и оптоварување за SAIC, компанијата која произведува возила со брендот MG.
Поради оваа причина, пишува Automotive News Europe, SAIC започнува проект за изградба на европска фабрика. До лето ќе се знае локацијата на првата европска фабрика.