На рускиот претседател Владимир Путин му е одземен почесниот црн појас во теквондо поради нападот на неговата земја врз Украина, соопшти Меѓународната теквондо федерација.
Федерацијата со седиште во Сеул, наведувајќи го своето мото „Мирот е поскапоцен од триумфот“, ја осуди руската воена акција во Украина, велејќи дека „бруталните напади врз невини животи“ ги нарушуваат спортските вредности на почит и толеранција.
– Затоа Меѓународната теквондо федерација одлучи да го одземе почесниот црн појас 9-ти ден, што му беше доделен на Владимир Путин во ноември 2013 година – се наведува во соопштението на Федерацијата.
Организацијата ќе му се придружи и на Меѓународниот олимписки комитет во забраната за истакнување на руското знаме и интонирање на руската химна на сите меѓународни натпревари.
Одлуката е донесена откако Меѓународната џудо федерација во неделата објави дека ќе го суспендира статусот на Путин како почесен претседател и амбасадор на спортот.
Други спортски организации како ФИФА и УЕФА, исто така, ги суспендираа сите руски репрезентации и клубови од натпреварувањето.