Велика Британија откри уште еден нов вид на коронавирус, изјави пред новинарите британскиот министер за здравство Мет Ханкок.
„Откривме два случаи на нов вид тука во Велика Британија“, рече Ханкок.
Тој додаде дека во двата случаи станува збор за контакти на луѓе кои пристигнале од Јужна Африка во изминатите неколку недели.
„Овој нов вид многу нè загрижува бидејќи е полесен за пренесување и се чини дека мутираше во споредба со новиот вид што беше откриен порано“, рече Ханкок.
Британскиот премиер Борис Џонсон и неговите советници во саботата објавија информација за новиот вид на коронавирусот, кој се шири низ Велика Британија. Овој нов вид може да биде позаразен до 70%, иако не се смета за посмртоносен или поопасен за развој на потешка форма на болеста.
Написите за мутираниот вид од Англија поттикнуваа затворање пред Божиќ и принудија десетици земји да ги затворат своите граници со Велика Британија оваа недела.
Пациенти заразени со новиот вид коронавирус се регистрирани во Италија, Данска, Франција и Израел. Европските земји размислуваат да ги проверат патниците на летовите од Велика Британија и да воведат задолжителен карантин за патниците по пристигнувањето.