Уште еден пребеган турски офицер доби азил во Грција

од desk4
75 прегледи

  Грчка второстепена комисија за азил му одобри азил на уште еден, трет по ред, турски офицер од групата од вкупно осум офицери кои пребегаа во Грција за време на неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година.

Сите офицери се пуштени од притвор и се наоѓаат на тајна локација, каде ги чуваат грчките безбедносни служби.

Турција, која ги смета офицерите за предавници, инсистира тие да бидат екстрадирани за да им се суди.

Во март турската армија зароби двајца грчки војници кои ја преминаа границата и ги држи под обвинение за шпионажа, а Грција повеќе пати потенцираше дека нема да изврши размена на осумте турски офицери за двајцата свои војници.

Се очекува одлуките и за преостанатите петмина турски офицери да бидат позитивни и сите да добијат азил во Грција.