194
Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Турција.
Земјотресот е регистриран во источниот дел на земјата во 5 часот и 18 минути.
Епицентарот на земјотресот бил на 43 километри од Адијаман, кој настрада многу во разорните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари.
Да потсетиме, повеќе од 41.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси во Турција и Сирија.
Спасувачките екипи се на терен веќе 11 дена и деноноќно ги пребаруваат урнатините.