Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Мичоакан во Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 93 километри.
Во вчерашниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Мексико загинаа најмалку две лица, оштетени се згради, снема струја и многу жители на Мексико Сити се принудени привремено да ги напуштат своите домови заради безбедност.
Според извештаите на локалните медиуми, неколку станбени згради биле оштетени по земјотресот, кој се случил вчера во 13 часот и 5 минути по локално време, а сеизмички аларм бил вклучен во главниот град на Мексико точно на годишнината од двата претходни разорни земјотреси, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението на Американскиот геолошки институт (USGS), потврдено е дека епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југоисточно од Аквила во близина на границата со државите Колима и Мичоакан и на мала длабочина од 15,1 километар.