Додека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пет дена е во “притвор“ во Мелбурн, шпанецот Рафаел Надал денеска се пофали дека го освоил пехарот на турнирот во Мелбурн, турнирот што му претходи на Австралија Опен.
Kога станува збор за Надал, постои шпекулација дека Шпанецот ги прекршил прописите во Австралија поврзани за Kовид-19.
Српскиот фудбалер Милош Нинковиќ, кој со години игра во Австралија, кажа нешто што може да предизвика нов скандал.
„Многу тенисери влегоа бидејќи добиле медицински исклучок, само Новак го затворија. Никој не говори на таа тема. Доколку си австралиски државјанин и не се наоѓаш во земјата, а си добил ковид во некоја друга земја, во наредните 14 дена не можеш да влезеш во Австралија“.
Колку што се сеќавам Надал објави дека е заразен на 20.декември, а во Австралија влезе на 30 или 31 декември. Значи не поминале две недели. Никој не пишува за ова, никој не го поставува ова прашање. Како се случи тоа? Ова само говори дека целта од почетокот им бил Ѓоковиќ“, изјави Нинковиќ.