339
По Нејмар, и дефанзивецот Маркињос се покажа со повреда во составот на ПСЖ по убедливата победа против Марсеј (3:0) во натпреварот од Лига 1 на „Парк де Пренс“.
23-годишниот Бразилец има мускулен проблем и денес е подложен на тестови, а во наредните денови ќе стане јасно колку е сериозна повредата и дали ќе може да учествува во реваншот против Реал Мадрид од 1/8-финалето на Лигата на шампионите на 6 Март во Париз.
Маркињос го одигра целиот натпревар за ПСЖ во првиот натпревар против „белите“ при поразот со 1:3 на „Сантијаго Бернабеу“ на 14 февруари.