Уште еден угостителски објект затворен поради работење по 18 часот, сопственикот приведен

433 прегледи

Вчера околу 20:30 часот, полициски службеници извршиле увид во угостителски објект во с.Горни Челопек.

При контролата, по законско определеното работно време, во објектот биле видени 17 лица, а истиот работел, и во него бил и сопственикот, инаку Д.Р. на 31 годишна возраст.

Д.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, односно за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат Тетово.

Слични содржини