418
Нов земјотрес бил почувствуван во централна Хрватска синоќа нешто пред 00,30 часот.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави на Твитер дека јачината на земјотресот е 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Загребскиот портал Индекс.хр известува дека земјотресот, кој траел пет секунди, го почувствувале граѓаните во Петриња и Сисак.