289
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди турската провинција Малатја на истокот од земјата, но засега нема извештаи за штети.
Земјотресот се случил во 11.27 часот по локално време, а неговиот епицентар бил во градот Путурге, објави турскиот директорат за вонредни ситуации, додавајќи дека земјотресот бил почувствуван во неколку блиски покраини, пренесува АП.
Засега нема извештаи за штети, но жителите се вознемирени од земјотресот.
Од почетокот на годинава, Турција е погодена од два силни земјотреси – во Измир минатиот месец, кога загинаа 114 лица и во Елазиг, кога загина 41 лице.