Уште еден земјотрес го погоди брегот на западна Турција. Земјотресот бил 4,7 степени.
За потсетување, и ова утро неколку пати се тресеше земјата на западот на Турција и грчките острови. Првиот беше земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала што ја погоди провинцијата Измир.
Потоа се почувствува уште еден силен земјотрес со јачина од 4,9 степени близу грчкиот остров Лезбос, а минута подоцна уште еден со јачина од 4,8 степени.
За час и половина на море, на 46 километри југозападно од Лезбос, регистрирани се шест земјотреси со јачина од 2,9 до 4,9 степени.
Засега нема информации за повредени или материјална штета, но населението се плаши дека по овие релативно слаби земјотреси ќе следи уште поразителен тремор.
Map of felt reports received so far following the #earthquake M4.7 Near The Coast of Western Turkey 42 min ago pic.twitter.com/dMVhoYnOL5
— EMSC (@LastQuake) February 1, 2021