Уште една европска земја воведе санкции за Додик

од Nikola Popovski
232 прегледи

Литванија им воведе санкции на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, и претседателот на парламентот на тој ентитет, Ненад Стевандиќ, со што им забрани влез во земјата и им се придружи на САД, Велика Британија, Германија и Австрија, кои го сторија тоа претходно.

Одлуката за забрана за влез во оваа балтичка република е објавена на веб-страницата на одделот за миграција на Министерството за внатрешни работи на Литванија во делот „непожелни лица“, а во неа се вели дека мерката моментално е на сила до 18 април 2030 година.

Литванската имиграциска служба го наведе членот 133 од Националниот закон за правниот статус на странците како причина за забраната за влез на Додик, Вишковиќ и Стевандиќ, но без дополнителни детали.

Меѓу другото, тој член предвидува воведување забрани за влез во земјата до пет години за лица кои претставуваат закана за националната безбедност или јавниот ред.

Полска, исто така, најави воведување санкции против Додик.

Додик, Стевандиќ и Вишковиќ се бегалци од судството во БиХ и се под истрага поради сомнение дека сториле кривично дело напад врз уставниот поредок на таа земја.

Судот на БиХ им изрече едномесечен притвор и нареди нивно апсење.

Слични содржини