Уште една измама со лажна сообраќајка во Чашка – „олеснет“ 74-годишник за 14.000 евра

Измамникот му се јавил на телефон и му кажал дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција

од Nikola Popovski
25 прегледи

На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра.

Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција.

Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.