Уште една мистерија за Kралицата: Зошто нема фотографии од неа кога е бремена?

од Vladimir Zorba

Животот на кралицата Елизабета е под будното око на јавноста речиси цел нејзин живот. Иако многу се знае за неа и за нејзиниот личен живот, сепак има една работа која ги интригира луѓето.

Имено, таа родила четири деца – сегашниот крал Чарлс Трети, принцезата Ана и принцовите Ендру и Едвард.

Токму околу нејзината бременост настана полемика која трае до ден-денес. Иако роди четири деца, јавноста никогаш не видела ниту една фотографија од кралицата Елизабета додека е бремена, а сите се прашуваат зошто.

Во минатото, кралскиот протокол бил исклучително строг, па на трудниците воопшто им било забрането да кажат дека се бремени. Во написот во весник беше објаснето дека на Кралицата не и било дозволено да објави дека е бремена, а во текот на тие месеци палатата ја известувала јавноста дека привремено се повлекува од очите на јавноста на одреден временски период.

– Нејзиното кралско височество кралицата Елизабета нема да презема јавни ангажмани по крајот на јуни – гласеше соопштението, а пет месеци подоцна таа го роди Чарлс.

На овој начин на кралицата и бил обезбеден сиот мир и пријатна атмосфера со тоа што никој ништо не знаел за бременоста, а таа била ослободена од сите обврски.

Принцезата Дијана прва се породи во болница, а на јавноста и го покажа принцот Вилијам ден по породувањето, а по неа истото го направи и Кејт Мидлтон.

Слични содржини