Уште една мрачна тајна на Северна Кореја

од Nikola Popovski
197 прегледи

Армија хакери од Северна Кореја украла стотици милиони долари во текот на 2020 година, а тие пари биле искористени за финансирање на програми за нуклеарно оружје, открива извештајот на Обединетите нации.

Си-Ен-Ен имал пристап до документ во кој се обвинува режимот на Ким Јонг Ун за спроведување „операции против финансиски институции и виртуелни менувачници“ за обезбедување средства за развој на нуклеарната програма на Северна Кореја и за одржување на економијата во криза

Неименувана земја, членка на ООН, тврди дека севернокорејските хакери украле 316,4 милиони долари од неа помеѓу 2019 и ноември 2020 година.

Северна Кореја со години се обидува да развие моќно нуклеарно оружје и напредни балистички ракети и покрај астрономски високите трошоци и фактот дека токму поради нуклеарната програма на Северна Кореја доживеа колапс.

Си-Ен-Ен го доби овој извештај преку дипломатски извор во Советот за безбедност на ООН, а извештајот е доверлив и сè уште не е познато дали ќе биде објавен.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика на зајакнување на воената моќ и нуклеарното оружје како средство за спречување, претходно оваа година по завршувањето на конгресот на владејачката Комунистичка партија, кој траеше осум дена.

Слични содржини