Уште една охрабрувачка вест: Оксфордската вакцина е безбедна, 99 проценти ефикасна дури и за најризичната група!

од Берта Китинска

Оксфорд ги објави и резултатите од најновата фаза на истражување!

Вакцината „Оксфорд / АстраЗенека“ покажа ефикасност во создавањето имунитет кај 99 проценти од учесниците во втората фаза од клиничкото испитување, без сериозни несакани ефекти!

Раната фаза на испитувањето покажала таква ефикасност, а Оксфорд ќе ги надополни овие податоци во наредните денови, пренесуваат британските медиуми.

„Истражувањата во клинички услови покажаа дека сите возрасни групи развиле антитела во рок од 28 дена од приемот на првата доза“, велат научниците.

Големата ефикасност на вакцината, чие официјално име е „ChAdOx1 nCov-2019“, беше прикажана кај постарите учесници, односно кај возрасната група над 55 години.

Во студијата учествувале 560 возрасни Британци, поделени во возрасни групи 18-55, 56-69 и постари од 70 години.

Британија нарача 100 милиони дози од оваа вакцина, што веројатно ќе чини помалку од три евра по доза.

Рекорден број на новоинфицирани, како и мртви лица беа регистрирани во Србија во средата, поради што Кризниот штаб закажа итна седница и можно е нови мерки да бидат воведени веќе во петок.

Слични содржини