Уште една општина нема безбедна вода за пиење и употреба

од Nikola Popovski
32 прегледи

Општина Василево соопшти дека ЈПКД „Турија“ ги информира жителите од населените места во општина Василево, (Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија) кои со вода за пиење се снабдуваат од Брана Турија, односно преку филтер станиците Ташли Баир и Добрашинци, но и жителите на Дукатино,Сушево и Владевци дека водата моментално не е за употреба и пиење,по направените најнови физичко хемиски и микробиолошки анализи.

Во општина Василево остануваат да важат мерките од претходните известувања во февруари 2024 и од јануари 2023 година.

-Општина Василево веќе подолг период презема мерки за обезбедување на питка вода за населението.Обезбедени се диспанзери,шишиња вода во училиштата и градинката.Обезбедени се канистри со вода за пиење на населението а од утре ќе функционира и цистерна за вода обезбедена со помош на општина Радовиш. Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови и од Центарот за јавно здравје и паралелна анализа од акредитирани лабаратории, соопштија од општината.

Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани.

-Општина Василево изминатиот период направи сериозен зафат на филтер станицата Ташли Баир, ја променивме кварцната песок, која претходно никогаш не беше променета од 2006 година,односно од изградбата на самата филтер станица. Исто така променета е и целата електроника, стои во известувањето.

Инаку, Струмица веќе 11 денови е без вода за пиење заради големото присуство на манган во водата која доаѓа одбраната „Турија“ и неможноста таа да се преработува во Филтер станицата во Струмица до фаза на вода за пиење.

Се чекаат конечните резултати за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во Гостивар, откако приватната лабораторија која е ангажирана од Комуналното претпријатие, добила наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации, по што водата беше забранета за пиење.

Примероците на гостиварскиот Центарот за јавно здравје, пак, покажале дека водата може да се користи, но поради објавената информација, анализите биле повторени. Инспекциските служби на АХВ и од Центарот во саботата зеле нови мостри од различни локации.

Слични содржини