Уште една шанса за Договорот од Пржино, преговорите продолжуваат

од desk3
121 прегледи

Претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 17 часот ќе ги продолжат средбите на работните групи во Клубот на пратеници. Средбата е одложена за два часа на барање на ВМРО-ДПМНЕ.

klub_na_pratenici_INFOMAKS

На дневен ред пред преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ  и од ДПА ќе се најдат законите за влада и за таканаречените „свиркачи“.

Лидерите на четирите политички партии вчера има целодневна средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, но не постигнаа никаков договор.

Како што изјавија претставници од двете политички партии, доближување на ставовите има, но конечен договор, сепак, нема.

Денеска е последен рок партиите да постигнат договор за преодна влада и да се изберат министри и заменици-министри.

Се очекува на денешната средба да присуствува и белгискиот олеснувач Питер Ван Хојте.

 

META