Уште една важна причина зошто Барса сака да го продаде Де Јонг

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Очекуваната солидна сума од евентуална продажба не е единствената причина поради која Барселона се надева на разделба со Френки де Јонг. Според каталонските медиуми, во новата сезона играчот од средниот ред би требало да добие плата од околу 19 милиони евра, што е сосема лошо во контекст на финансиските проблеми во клубот. Холанѓанецот има договор до 2026 година и според него, платата со текот на времето ќе му се зголемува.

Дополнително, според голем број на публикации, во моментов на „Камп Ноу“ има понуда за Де Јонг од Манчестер Јунајтед вредна околу 80 милиони евра. Проблемот за Барса сепак е што самиот играч се уште не се согласил да си замине.

Деновиве е потврдено дека капитените на „блаугранас“ се договориле за намалување на платите, но нема гаранција дека тоа ќе го стори и самиот поранешен играч на Ајакс доколку остане.

Слични содржини