Уште една земја целосно го прекинува увозот на гас од Русија

од Nikola Popovski
158 прегледи

Естонската влада најави дека ќе престане со користење на рускиот гас до почетокот на новата грејна сезона оваа есен. Како што соопштија од Владата на оваа земја, постигнат е договор со Финска за изнајмување на пловечки терминал кој ќе овозможи увоз на течен гас.

„Денеска решивме да престанеме да купуваме руски гас. Не е можно да се продолжи со хранење на руската воена машина“, изјави естонската премиерка Каја Калас на прес-конференција.

Иако само 7% од естонската енергија е гас, најголемиот дел е увезен од Русија.

Да потсетиме, Литванија е првата членка на Европската унија која се откажа од рускиот гас на почетокот на април. Претседателот на таа земја, Гитанас Науседа, тогаш на Твитер напиша: „Ако можеме ние, може и остатокот од Европа!“.

Литванија ги повика сите членки на Европската унија да го следат нејзиниот пример и да престанат да зависат од гасот од Русија. Иако 47 отсто од гасот го увезува од Русија, Литванија би можела да се осмели на тој чекор бидејќи со години инвестира во терминали за течен гас (ЛНГ).

Слични содржини